Предавање под наслов „(Само)изградба на актер(к)ите“, на 19 јануари, со почеток во 19 часот, ќе одржи Кристина Леловац, актерка и доцентка по актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје во „Јавна соба“, во рамките на првиот „Отворен час“ за годинава. Предавањето е именувано така, не само во „станиславски“ контекст, туку за пошироко да се осврне на формалното образование, кое го поминува еден актер, но и што е тоа што актерите би требало да го практикуваат откако формалната едукација ќе заврши.
Отворените часови, деветти по ред, се одржуваат еднаш месечно, бесплатни се, а заинтересираните треба да се пријават на [email protected].