Во чест на празникот на жената 8 Март синоќа во домот на културата „Иван Мазов Климе“ публиката имаше можност да присуствува на прекрасниот концерт на дуото
„Грациозо“ кое го сочинуваат м-р Кристина Палија сопран од Неготино и д-р Невенка Дуковска – пијано од Штип на кој нивни гостин беше младата солистка Слободанка Танева од Кавадарци.
Композицијата „La vi en Rose“ на Едит Пјаф , аријата на Кармен од истоимената опера од Жорж Бизет, аријата на Леонора од операта „Моќта на судбината“ од Џузепе Верди, аријата на Норма од истоимената опера од Белини, аријата на Лаурета од операта „Џани Скики“ од Џакомо Пучини, „Славејот и розата“ од Корсаков, композициите „Сон“ и „Вздес Кхоршо“ од Рахмањинов , „Ел Вито“ од Ф. Обрадорс, „Гранада“ од А. Лара и други беа дел од програмата што беше изведена на овој празничен концерт. И овојпат Кристина Палија и Невенка Дуковска како омилени уметници на кавадаречката публика приредија несекојдневно уживање и добија бурен аплауз. Ми.М.