Од светското кино
„Олег“ (2019 година) е филм за летонски печалбар што станува жртва на тешка експлоатација во остриот, врел, изненадувачки бурен социјален трилер на Јурис Курсиетис.
Младиот човек од Рига запаѓа во опасна ситуација во Белгија во мрачниот социјалреалистичен филм. Ова е вториот филм од Јурис Курсиетис, летонски режисер што работи во силно преиспитувачки европски социјалреалистички стил.
Валентин Новополски го игра Олег, млад печалбар од Рига што работи во фабрика за преработка на месо во Гент, Белгија. Му се заканува опасност да ја изгуби работата и да биде депортиран, но Олег паѓа под влијание на злобниот полск експлоататор наречен Анджеј, кој генијално му нуди да му земе лажен полски пасош и да работи на црно во градежништвото со други источноевропски илегалци. Сите тие живеат заедно, пијат и играат ФИФА во куќа што треба да ја реконструираат, но живиот и лут Анджеј всушност ги тероризира како навредлив очув и ги користи за насилно злосторство.
Ова е мрачен бескомпромисен филм, снимен рачно, а камерата треперливо го следи Олег наоколу по улиците, градилиштата и различните хаотични и бедни ентериери. Станува збор за еден вид црна комедија. Интересно е што филмовите како овој за маргиналните, експлоатираните и обесправените обично земаат млада жена во фокусот наместо маж. Со овој филм и главниот лик Олег се потенцира дека и машкиот пол е цел на понижување.
Драмата „Олег“ е во продукција на Летонија, Литванија, Белгија и Франција. Сценариото е на Лига Целма-Курсиете, Јурис Курсиетис, Каспарс Одинс. Во филмот се зборува на неколку јазици. „Олег“ имаше одлични фестивалски проекции, освои 11 награди и имаше 15 номинации. Ја освои наградата за најдобар филм на „Латвиан нешнал филм фестивал“, „Сан Паоло филм фестивал“, „Арт филм фестивал“ и други.