Константин Плевнеш, специјално за „Нова Македонија“ од Париз
Го видов во првото утро на Пролетта 2022
Морис Равел во Париз кај што се шета како сенка по
Булеварот Сен Жермен во близината на Украинската црква
Во Латинската четврт и како да чув звук на една од неговите композиции
О, Украино братска земјо смртоносно ранета
Дали нашите солзи можат да ја спасат
Вечноста на Твојата душа?
Врне врз бистата на Шевченко
Како што врнат безмилосни бомби врз неговата родна земја
По улицата на Светите Отци
Ги слушам ужасните крикови на една мајка
Која штотуку ја изгубила својата ќерка
И „Древната музика за една исчезната принцеза“ од Равел
Се пренесува од нејзиниот крик меѓу Украина и остатокот на Светот
Овој Свет од една друга планета
За која Сервантес велеше дека е мала како шамивче
„El mundo es un panuelo“
Што исто така го инспирира музичкиот гениј на Равел
Каде што безутешно плачат наводно слободни мажи и жени
Чекајќи да ја дознаат вистината за нивната судбина
Кој Џелат со своето нуклеарно оружје ќе ги уништи
Последните атоми на човечката надеж
Сега, Овде и во Иднината која можеби никогаш нема да дојде?
(Песната на Константин Плевнеш е селектирана на француски јазик во интернационалниот поетски проект „Ворлд поетри мувмент“, кој покрај електронското ќе има и печатено издание, каде што главен уредник е францускиот поет Франсис Комб, а издавач ќе биде познатата новинско-издавачка куќа „Медиа-парт“)