На сцената во театарот „Антон Панов“ се одигра копродукциската претстава „Поткровје“ според „Цената“ на Артур Милер, а во режија на Александар Ивановски.

Изведбата беше во рамките на 32. фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица. Во претставата играат: Томислав Давидовски, Елена Кузманов, Горан Ников и Хари Михајловски. Како креативни соработници се потпишуваат сценографот Ненад Тонкин и дизајнерот на плакатот Тео К. Атанасовски. Преводот го направи Марио Стојаноски.

„Поткровје“ е претстава што ја истражува цената на одлуките, одговорноста што ја имаме кон себе и кон семејството и вината со која живееме поради изборите што сме ги направиле.