Младинскиот културен центар соопшти дека го поништува конкурсот за избор на идејно-графичко решение за целогодишна јубилејна програма „50 години МКЦ“.
Конкурсот за визуелно обликување на сите програми и активности во текот на целата 2022 година МКЦ го распиша на почетокот на годината и избра победник, но го дисквалификуваше поради плагијат на избраното решение.
– Намерата беше најискрена: како и многупати до сега, да ја вклучиме и јавноста, пред сѐ младите автори и преку формат на конкурс да избереме решение, кое сите заедно ќе нѐ обележи, поврзе, обедини и радува. Но, со оглед на ситуацијата и двојбата што произлезе по објавување на прворангираните решенија, а со цел враќање на позитивната енергија и самиот јубилеј, Програмскиот колегиум на МКЦ донесе одлука да не направи избор на идејно решение од апликациите и да го поништи конкурсот – информира МКЦ, заблагодарувајќи има се на 51 апликант на конкурсот и на комисијата.