Македонистката Кристина Крамер, професорката која 35 години предава македонски јазик на Катедрата по славистика на Универзитетот во Торонто и преведувачот Роли Гроу се годишните добитници на Меѓународната награда „Драги“ што се доделува за најдобар книжевен превод на дела од македонски автори на странски јазик.
Крамер и Грау престижното признание го добиваат за нивниот превод на избрани дела на нашиот поет Ацо Шопов.
Наградата на лауреатите ќе им биде врачена денеска во рамки на 12-тата по ред Македонско–северноамериканска конференција за македонистика што во организација на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ во Скопје од вчера се одржува во Охрид.
Во работата на собирот во Охрид учествуваат 32 македонисти од повеќе држави, меѓу кои најмногубројни се претставниците од Македонија, САД и Канада. Во фокусот на нивните активности се македонистичките проучувања, истражувања, прес сѐ во областа на лингвистичките дисциплини – македонскиот јазик литература и култура, но и други сфери од интерес како теми поврзаи со историјате, археологијате, антропологијате, социологијата па и уметноста и фолклорот.
Програмата на конференцијата е богата и разновидна, со научни содржини и реферати што отвораат нови перспективи за развојот на македонистиката во меѓународен контекст.