„Македоника литера“ го објави романот „Капка веселба“

„Македоника литера“ неодамна го објави романот „Капка веселба“ на современиот босански писател Селведин Авдиќ, во превод од босански јазик на Ленче Тосева. Овој роман се чита како поетична посвета на предвоена Зеница во Босна и истовремено како ламентација за посттранзицијата, односно за тоа што останало од мултикултурниот и индустриски организам. А тоа се неговите жители, одеднаш изгубени и несреќни.
Главниот јунак Миран се враќа во градот по војната, еден ден по земјотрес и голема поплава. Тој ќе се обиде да живее мирно, во трошна зграда, со разнобојни соседи и спомени, ќе започне љубовна врска со Верена, поранешната сопруга на кралот Банана, која е само дел од моќната и чудна галерија на ликови во романот… Во оваа книга се сретнуваат онтолошките и психолошките дилеми и рафинираната естетика на Дејвид Линч со лична меморија и одредена носталгија за подемот и оптимизмот на социјалистичкиот период.
Селведин Авдиќ (1969 година, во Зеница) е босански писател и новинар. Во 2004 година ја објавил збирката раскази „Потстанари и други фантоми“, која е објавена и во Србија и во Босна и Херцеговина. Расказите од таа збирка се сместени во зборници и антологии на краткиот расказ во Хрватска, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија… За расказите од оваа збирка има добиено и неколку награди на различни конкурси на списанија. На македонски јазик е објавен романот „Седум стравови“ во Босна, објавен во 2010 година, кој беше прогласен за најдобар роман таа година. Истиот роман, британски „Гардијан“ го смести меѓу петте најдобри романи објавени таа година на англиски јазик. Во 2017 г. го објави романот „Капка веселба“.