Фото: З.А.

Со вечерашниот концерт на „Скопски квартет хорни“ што беше одржан во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево заврши турнејата на овој квартет, кои претходно одржаа концерти во Крива Паланка и Демир Хисар. Доминантно младата популација присутна на овој концерт презадоволнa го напуштија Центарот за култура .

Нивното мислење го подели и професорот Горан Делевски, по чија препорака голем дел средношколци присуствуваа на овој концерт.

-Вечерва имавме можност да присуствуваме на концертот на „Скопски квартет хорни“ кој беше изведен беспрекороно и крајно професионално. Бидејќи со одредени групи ученици кои се од трета година во овој период од учебната година ги изучуваме композиторите кои што напишале дела за хорни, затоа овој концерт беше идеална прилика во живо да се проследат. Оваа практика ќе ја продолжиме и во наредниот период, бидејќи самиот концерт претставува настава во живо за нашите ученици – нагласи Делевски. З.А.