Kонцертот „Корчански песни“ ќе се одржи вечерва од 20.30 часот во Центарот за култура во Кичево. На вечерашниот концерт ќе бидат изведени 13 нумери, а покрај трите вокали учество ќе земат и познати македонски инструменталисти.
– За првпат, вечерва во Центарот за култура во Кичево ќе биде изведен концерт на „Корчански песни“, што ќе го сочинуваат збирка песни од корчанските серенади. На концертот како вокални солисти ќе настапат Армандо Клоѓери, Глорија Нуре, а гостин ќе биде Салие Бајрами. Оркестарот ќе го сочинуваат седуммина познати инструменталисти од земјава: Валон Мехмеди – синтисајзер, Дритон Беќири – кларинет, Бурим Мехмеди – бас гитара, Дејан Апостолоски – перкусии, Јетмир Мехмеди – гитара, Елза Азизи – виолина и Греса Мемети – виолончело. На концертот ќе бидат изведени 13 нумери кои очекуваме во целост да ги задоволат присутните гледачи во големата сала од Центарот за култура – истакна директорот на Центарот за култура во Кичево, Мазлам Османи. З.А.