По речиси две и пол години пауза заради пандемијата вечерашната комедија со наслов
„Чекајчи го министерот“ од Србија е прво гостување на друг театар во Кавадарци, поточно во домот на културата „Иван Мазов Климе“ со почеток во 20 часот.
Автор и режисер на претставата е Семир Гичиќ кој воедно и игра во претставата заедно со Сашо Ристевски додека главната улога и е доверена на српската актерка Лидија
Вукиќевиќ која на пошироката јавност и е позната од култната серија „Бољи живот“, играниот филм „Жикина династија“ и многу телевизиски серии и филмови најмногу во Србија и бившите југословенски републики.
Дејствието во комедијата „Чекаќи го министерот“ се случува во една руинирана кафеана која добива нов сопственик. Конфликтот се раѓа меѓу новиот сопственик и старата келнерка на кафеаната околу неговата замисла за новиот изглед на кафеаната. Новиот сопственик ангажира дизајнер кој треба да ја уреди кафеаната, бидејќи се најавува доаѓање на министерот од владата, а дали навистина ќе пристигне министерот, останува публиката да дознае на крајот од претставата.
Заради забележаниот интерес кај публиката, директорката на домот на културата Јулијана Туриманџова најави уште едно гостување на претставата „Чекајќи го министерот“ во Кавадарци, во рамките на турнејата која ќе се реализира во текот на мај. Ми.М.