Светот е сцена
Археолозите во јужна Италија откриле урнатини од храм стар 2.500 години, како и артефакти од голема поморска битка, кои биле чувани на тоа место. Храмот бил посветен на Атина, божицата на мудроста, а бил откриен во археолошкиот парк „Паестум“, јужно од градот Салерно. Структурата, која веројатно била долга 18 метри и широка седум метри, дава увид во најстарата фаза на „Паестум“, некогашен голем грчки град основан од имигранти од Мала Азија, се вели во соопштението.
Мошти од поморската битка беа лоцирани во внатрешноста на храмот, а меѓу наодите имало и два шлема. Истражувачите шпекулираат дека храмот бил изграден по поморска битка за која античкиот грчки историчар Херодот напиша дека се случила на источниот брег на медитеранскиот остров Корзика. Италијанскиот министер за култура го изрази својот ентузијазам за откритијата.
– Важно е да продолжиме со доверба да инвестираме во археолошки истражувања, кои никогаш не престануваат да враќаат важни делови од медитеранската историја – рече Дарио Франческини.