Октетот „Прилеп“ вечерва од 20.00 часот во изложбениот салон на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе одржи целовечерен летен концерт и пред љубителите на убавата староградска песна ќе се претстави со избрана програма.
Посетителите ќе можат да уживаат во изведбите на „Свири, свири виолино“, „Дај ми љубов Трено“, „Се посврши Сербес Донка“, „Овој живот мој“.. и други убави староградски песни, како и во настапот на оркестарот на октетот.
Октетот години наназад работи под покровителство на ЦК „Марко Цепенков“ и ја негува староградската песна и го претставува градот на бројни фестивали. Досега има издадено неколку албуми.
Ка.М.