Прекрасните метални скулпури од инокс материјал на Слободан Милошевски од Охрид синоќа беа изложени во галеријскиот простор на музеј-галеријата во Кавадарци. Ова е прва самостојна изложба на Слободан Милошевски во Кавадарци, која беше отворена во рамките на бројните кулурни настани организирани за манифестацијата „Тиквешки гроздобер 2023“.
Милошевски е вистински претставник на постмодерниот дускрус во скулптурата во Македонија кој изработува скулпури со мазна полирана текстура во флуидни облици и минималистички концепт. Неговите метални скулптури се добиени со сечење и заварување а се изработени од иноск материјал. Своето образование го стекнува на
Факултетот за ликовна уметност во Скопје каде дипломира во 2009 година на отсек вајарство за по две години и да магистрира на истиот факултет. Сепак одлучува своето образование да го заокружи докторска титула во 2018 година на Националната уметничка академија во Софија.

Слободан Милошевски моментално работи како професор на Ликовната академија при универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Досега има реализирано над 30 самостојни и повеќе од 80 групни изложби во Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Бугарија, Турција и САД, а за неговите скулптури добил петнаесетина награди. На
пошироката јавност во Македонија Слободан Милошевски е познат по тоа што е автор на повеќе монументални скулптури во јавен простор, меѓу кои скулптурите на Живко Чинго, Ристо Шишков, Кузман Шапкарев и Јоаким Крчовски, спомен обележјето на АСНОМ, скулптурата „Муза“ наменета за стар театар, две скулптури за објектот на МНР и скулптурата „Птица“ во Интернационалниот Балкански Универзитет во Скопје. Ми.М.
