Уметноста за Марина Убавкова е состојба на медитација, која ја предизвикува да остане верна на себе, никогаш неотвфрлајќи ја сопствената љубопитност и веселост, како и отвореноста за нови искуства и знаења. Таа е архитект по професија и академска сликарка, која од секогаш знаела дека уметноста ќе биде приоритет низ нејзиниот животен пат. Зад себе има реализирано многу самостјни и групни изложби од кои неколку во нејзиниот роден град Кавадарци каде што редовно учествува на ликовната колонија „Михајлово – Кавадарци“.
Тоа значи дека нејзината уметност е добро позната на љубителите на ликовната уметност во Кавадарци кое ќе го имаат задоволството вечерва во 19.30 часот да присуствуваат на отворањето на нјезината најнова самостојна изложба насловена „Небесник“ во галеријата на домот на културата „Иван Мазов Климе“ во рамките на манифестацијата „Кавадаречка културна есен 2022“.
– Откако знам за себе, создавам цртежи и слики. Уметноста одсекогаш била дел од
мојот живот. За време на моето средно образование се занимабав со сликарство, потоа ги продолжив студиите на архитектонскиот факултет во Скопје, и за време на студиите
паралелно се занимавав со уметност. Кога ги завршив студиите по архитектура, продолжив со моите втори студии од областа на ликовната уметност, ја сакам уметноста и сфатив дека сакам да бидам професионален уметник – ќе изјави по повод изложбата во Кавадарци Марина Убавкова.
За Марина Убавкова архитектурата и уметноста во асолутна смисла на зборот се многу блиски. Сликањето портрети за неа се случило спонтано по добивањето нарачка да наслика портрет но потоцна стануваат приоритетни во нејзината уметност бидејќи таа го сака моментот да проникне во психологијата на ликот и да го изработи детално. Постојано истражува, експериментира и се надградува. За марина најважно од се е вистински да се сака создавањето уметност и сериозно да се вложува во тоа. Ми.М.