Меѓународната ликовна колонија „Мал Битолски Монмартр” со избрани дела ќе се претстави во Државниот институт за култура во Софија.
Гостувањето во Софија е на иницијатива на Бугарскиот културно информативен центар во Скопје, информираат од Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј”-Битола.
-Во Битола одржавме средба со делегација на Државниот институт за култура на Република Бугарија предводена од директорката Снежана Јовева Димитрова. Средбата беше иницирана од Антонија Велева директорка на Бугарскиот Културно информативен Центар во Скопје – стои во информацијата.
На наше заедничко задоволство договоривме да ја посетиме Софија со избрана колекција од богатата уметничка архива на „Малиот Битолски Монмартр” но изложбата која ќе се одржи во просториите на Министерството за надворешни работи.
– Повод за организирање на ликовната изложба во е меѓународниот „Ден на детето“ – истакна Елена Хаџи Антонова, раководител на Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј”- Битола.
Инаку во Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј”- Битола почнаа да пристигнуваат ликовни творби од цел свет за претстојното 41 издание на „Малиот Битолски Монмартр”.
M.M.