„Креации од ноќта – уметност инспирирана од соништата“ е тематската изложба на дела од уметници членови на ДЛУП, која е отворена во ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп.
– Симболиката на сонот служела за одгатнување на психичката активност на потсвеста и начинот на кој влијаела врз однесувањето на поединецот во секојдневието. Сонот е особен предизвик и инспирација за група современи уметници, односно членови на ДЛУП. Имајќи ги предвид нивните основни концепти и принципи, уметниците создадоа дела во зависност од сопствениот уметнички афинитет и со помош на разни техники и материјали. На изложбата се претставуваат 15 уметници членови на Друштвото – велат од ДЛУП. Ка.М.