Излезе од печат книгата „Македонци – војници на Кралството Србија 1914-1918 година, со животи испишаа историја“ на претседателот на македонската заедница во Србија, Гојко Илиевски од Пожаревац.
Книгата претставува сеќавање на 1.300-те Македонци кои се бореле во редовите на војската на Кралството Србија во Првата светска војна, со учество во воените операции во одбрана на Пожаревац, Костолац, Гроцка и во Белград, наспроти австроунгарската војска.
Придонес за книгата да излезе од печат, покрај авторот Илиевски, дадоа и СМК (Светски Македонски Конгрес) од Србија, на чело со претседателот Душан Јаневски, здружението „Кочо Рацин“ од Белград со претседателката Лидија Демниева и Здружението за заштита и негување на обичаи во Белград со членот на управниот одбор Бранко Милошевски. Авторот упати и голема благодарност до македонската заедница од Швајцарија и до многуте спонзори и пријатели на македонската заедница во Србија.