На меѓународниот хорски фестивал и натпревар „Црноморски звуци“, кој од 4 до 8 јуни се одржа во Балчик, Бугарија, Женскиот хор при МКЦ оствари неверојатен успех со освојување на главната награда, гран при.

Освен на натпреварот, хорот учествуваше и на концертите на фестивалот, како и на мастер предавањата каде што се изучуваа нови композиции заедно со другите ансамбли учесници.

Ова е уште еден во низата успеси на хорот и на маестро Сашо Татарчевски. Патувањето и учеството беа поддржани од Министерството за култура и туризам, како и од Град Скопје.

Женскиот младински хор при МКЦ продолжува со концерти во текот на јуни, кои ќе се одржат во Охрид и во Тетово.