Издавачката куќа „Гаврош“ промовира драми од Мартин Мекдона, „Трилогијата Линејн: ’Мис на Линејн‘, ’Череп во Конемара‘ и ’Осамениот запад‘“ во превод на Горјан Милошевски и Јане Спасиќ. Промотор на изданијата беше Милан Дамјановски.
Додека на филмската публика Мартин Мекдона ѝ е познат како режисерот на „Три билборди пред Ебинг, Мизури“, „Во Бруж“, „Седум психопати“, преку „Трилогијата Линејн“ читателите ќе имаат можност да го запознаат Мекдона како драмски автор.
Мартин Мекдона е британски драмски автор, сценарист, театарски и филмски режисер со ирско потекло. Драматуршкото творештво на Мекдона заради својата комплексност, длабинската вивсекција на општеството и поединецот, како и жестокиот јазик секогаш претставуваат голем предизвик за превод. Ова издание на преводи на драмите на Мекдона овозможува целосно да се согледа и ужива во неговото авторство, неговите идеи, а што е најважно да се зачува неговата оригинална авторска намера на македонски јазик.
Истовремено, со оваа трилогија издавачката куќа „Гаврош“ ја промовира новата џебна едиција „Штици“, која беше носител на второто место во категоријата „најдобра едиција“ на Саемот на книгата во 2022 г. Станува збор за едиција посветена на современи драмски текстови, чии први три книги содржат три драми од значајниот драмски автор Мартин Мекдона, за првпат преведени на македонски, која е испечатена во одличен дизајниран и унифициран џебен формат.