Ко-продукциската претстава „Нема да биде крај на светот“, на Македонскиот народен театар, Перипетија продукција – Скопје и Сараевскиот воен театар САРТР – Сараево, беше дел од натпреварувачката програма меѓу девет претстави на овогодинешниот 30. фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ – Струмица кој се оддржува од 8 до 13 септември.
Дел од историјата на овој фестивал е и Дарја Ризова која ја доби наградата за најдобра актерка за улогата на Маша во претставата „Нема да биде крај на светот“ по текст на Аднан Лугониќ, а во режија на Нина Николиќ. Наградата ја доделува жири-комисијата во состав: Звездана Ангеловска, актерка (претседател на жири-комисијата), Нико Горшиќ, актер, и Петре Арсовски, актер.
Оваа година повторно ѝ се потврдува на Ризова нејзината максимална театарска професионалност и посветеност, која резултираше со уште една награда – четврта по ред.