„Ако останеш дома“, во режија на Јован Ристовски е новиот театарски проект на Битолскиот народен театар.
Премиера ќе биде изведена утре вечер, а станува збор за драма во еден чин по мотиви на Карој Сакони.
Во претставата главните улоги ги играат актерката Јулијана Мирчевска и актерот Васко Мавровски.
– Станува збор за секојдневна приказна во која ќе се препознаат млади брачни парови. Инспирацијата за претставата ми беше секојдневието на обичните луѓе. Мојот впечаток е дека народот е несреќен повеќе од три децении без разлика која политичка партија е на власт. А сиромаштијата прави лоши состојби во духот кај еден човек. Во преставата мажот и жената се симболично во кафез и во публиката гледаат птици кои што го изгубиле духот и се птици што ја изгубиле сопствената музика – истакна на денешната прес конфренција режисерот Јован Ристовски.
М.М.