Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска ја освои главната награда на фестивал во Дортмунд, Германија. Фестивалот се одржуваше од 9 до 14 април. Посветен е на женски автори и во главната конкуренција се избираат само осум филма од целиот свет, што се натпреваруваат за главната награда.
– Овојпат тричленото жири се одлучи за „Господ постои, името ѝ е Петрунија“, кој очигледно наидува на одличен прием кај германската стручна филмска јавност. Доделувајќи ја наградата жирито рече:
– Oдлучивме да ја доделиме главната награда на овој филм поради својата извонредност во пренесување на приказната за храброста на невработена жена да се спротивстави на воспоставени и затемелени структури на патријархатот. Надминувајќи ја сопствената отуѓеност таа ја осознава својата моќ да ја озобнови солидарноста во борбата против неправдата – соопшти продукцијата „Сестри и брат Митевски“.