Годинашниот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ кој слави 50 години, во организација на Центарот за култура поради пандемијата ќе се одржи онлајн.
– Најстариот фестивал во Битола, Републичкиот Фестивал на народни песни и игри Илинденски денови, има јубилеј. Во изминатите 50 години се запишал во мемоарите на битолчани со своето дефиле, фестивалски вечери, концерти, работилници, семинар и гости од целиот свет. Оваа година, гостите кои ќе го претвореа нашиот град во шарена
фолклорна разгледница, ќе ги гледаме во делот на онлajн-фестивал, кој го подготвуваме во соработка со Интернационалниот совет на фолклорни
фестивали ЦИОФФ – изјави Маја Андоновска Илијевски, директирка на Центарот за култура.
Во рамките на фестивалот по сите протоколи и со почитување на сите заштитни мерки, годинава ќе се реализираат четири изложби во Центарот за култура Битола, во Магазата и салата за изложби во Завод и Музеј Битола.
Воедно ќе се одржи саем на книга, инспириран од фолклорни мотиви во пишаниот збор, етно филмови на отворено, стручно научен собир на тема „Академски такт за фолклорот и етнологијата“, како и семинар, детска ликовна работилница, и четири концертни вокално-инструментални вечери на отворено во Пациото на Завод и Музеј Битола.
– Новото време и ситуацијата со ковид-19 ги погоди и фолклорните друштва од нашата земја но и цел свет, а ние со симболичното одбележување на овој голем фестивал, го правиме тоа и во нивна чест – изјави директораката Маја Андоновска Илијевски. М.М.