Премиерата на кримикомедија „Скандал“ во режија на Роберт Ристов ќе се одигра утре (20 октомври) во театарот „Комедија“ со почеток во 20 часот.
По успешната приказна со претставата „Првин ќе ме земеш после ќе ме…“ која веќе трета сезона се игра на сцената на Театар Комедија, Театар Провокација подготви нова провокативна интерактивна претстава во која публиката има за задача да го пронајде убиецот на познатата пијанистка Лена Вагнер.
Осомничени се сите присутни во фризерскиот салон.
Во претставата играат: Никола Кузелов, Мирјана Поповска Ристов, Даријан Петров, Јелена Мијатовиќ, Чедомир Митевски, Радо Алексовски.