Во Музеј-галерија Кавадарци, вечерва во 19 часот со традиционалната изложба на ликовниот уметни Лазар Дојчинов, започнува празнувањето на лозарите Свети Трифун. Неговата тематска изложба инспирирана од вековната традиција на одгледување на виновата лоза,производството на вино и ракија и други призводи од грозје е дел од традиционалното одбележување на празникот Свети Трифун кој во Тиквешијата се празнува со многуброни обичаи.
Освен делата масло на платно на кои се опишува традициналниот начин на на производство на ракија и маџун , богатите трпези со вино леб и грозје на изложбата ќе бидат изложени и акварели исто така со тематика на грозје , винова лоза афиони.
Празнувањето на празникот Свети Трифун ќе продолжи утре на градскиот плоштад каде во 12 часот е предвидено традициналното закројување на винова лоза и прогласувањето на победниците од дегустација на вино и ракија организирана од Опшрина кавадарци, „Винотек“, „Напредни лозари“ и здружението на енолози Winemakers.
Потоа следува настап на фолклорниот ансамбл „Тиквеш“ и претстава во духот на празникот Свети трифун како традиционалната дегустациа на вино, ракија, маџун, гроздов сок и традиционална тиквешка храна. За 20 часот на градскиот плоштад е предвиден настап на Александар Ангелов и „Дрим тим “, „Љубојна“ и „Либеро бенд“.
Мирјана Мукаетова