По освојувањето на „големата награда“ на фестивалот во Билбао, квалификувањето за „оскар“, номинацијата за Европските филмски награди, освојувањето на наградата „златна колица“ за најдобар краток филм на „Загреб филм-фестивал“, филмот „Северен Пол“ на Марија Апчевска-Петровска, во продукција на „Кинооко“, ја доби наградата „Санта Лучиа“ за најдобар интернационален краток филм на фестивалот во Богота.
Следува прикажувањето на филмот на фестивали во Пекинг, Лондон, Трондхајм и Лес Аркс.
Главните улоги во филмот ги толкуваат Антонија Белазелкоска и Лука Митев. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, сценограф Кирил Спасески, костимограф Биљана Гргур, дизајн на шминка Горан Игњатовски, монтажер Драган Вон Петровиќ, дизајн на тон Игор Поповски и Бојан Паликуча, кастинг Кирија А. Николоска. Продуцент е Роберт Насков, а копродуценти Милош Љубомировиќ од „Сервиа филм“ и Миодраг Поповиќ од „Форгрејд“ од Србија и Петер Шекереш од „Тиволи продукција“ од Унгарија.
„Северен Пол“ е финансиски е поддржан од Агенцијата за филм на Македонија и Српскиот филмски центар.