Новиот роман на писателот Јован Дамјановски „Кафез за душата“ ќе биде промовиран во петок во Музичкото училиште „Тодор Скалоски“ во Тетово, со почеток во 18 часот.
За делото на Јован Дамјановски ќе зборуваат писателите Веле Смилевски и Мишел Павловски, а во програмата ќе земат учество музичкиот состав „Шербет“ и групата „Серенада“.
Јован Дамјановски (1946) живее и создава во родниот град Тетово. Член на ДПМ е од 1992 година. Кафез за душата е негов шеснаесетти роман. Автор е и на книги со раскази, драми и сценарија.