На 12 јуни (среда), со почеток од 20 часот во Младинскиот културен центар ќе биде промовирана поетската книга „Помеѓу“ од поетесата Валентина Бактијаревиќ, издание на издавачката куќа „Антолог“ од Скопје.
На промоцијата, покрај авторката, ќе настапат и: Владимир Мартиновски, Иван Шопов, Владимир Лукаш и Ѓоко Здравески.
„Помеѓу“ е прва книга на младата поетеса од Ниш, Валентина Бактијаревиќ. Објавена е двојазично – на српски и на македонски јазик, а препевот на македонски го направи Ѓоко Здравески.