Промоција на поетското првенче „Здобол во злодоба“

Во малата сала од Центарот за култура денеска во Кичево, ќе биде промовирано поетското првенче на Кристина Павлеска „Здобол во злодоба“, магистрант на Архитектонскиот факултет во Скопје. Ова е прва книга на Павлеска која се состои од 60 песни создадени во периодот 2017-2018 година.

-На моја радост во родното Кичево денес ќе ја имам честа да ја промовирам својата прва збирка песни „Здобол во злодоба“. Оваа збирка се состои од 60 песни, кои ги обединува темата љубов, а дел од нив наликуваат и на писма. Моите книжевни идоли покојниот Гане Тодоровски и проферосот Венко Андоновски, се моја водилка низ книжевниот универзум. Јас со само 24 години сум на почеток од својата уметничка кариера и како архитект наоѓам голема поврзаност во природата која е извор на сè. И кога не знаев да пишувам и да читам, јас ја сакав поезијата и песните, тоа беа моите рани детски години. Многу нешта ги спојуваат архитектурата и поезијата и како резултат на оваа сличност се и овие стихови-истакна младата авторка, Кристина Павлеска.

З.А.