Во просториите на Клубот на љубители на книгата при „ЗП Солидарност – Аеродром“, разгранок Аеродром, синоќа беше промовирана книгата „Македонија во рингот“ на новинарот Александар Димковски, главен и одговорен уредник на „Нова Македонија“.
Промотори беа Ефтим Клетников и Александар Прокопиев, а извадоци од книгата читаше актерот Кирил Псалтиров.
Организатор на промоцијата е Клубот на љубители на книгата.