Дваесет и третото издание на „Скопје филм фестивал“ го промени својот термин и оваа година, наместо во април, ќе се одржи од 9 до 17 септември. Исто така, се одложува и одржувањето на ревијата филмови „Скопје филм класик“, која требаше да започне на 18 март, а која фестивалот ја организира во соработка со Кинотеката на Македонија.

Ова одложување е во согласност со препораките од Министерството за здравство.
За датумите за одржувањето на ревијата „Скопје филм класик“ јавноста дополнително ќе биде информирана.

Организаторите го објавија и плакатот за ревијата „Скопје филм класик“ што го изработи македонскиот уметник и графички дизајнер Зоран Кардула.