Македонскиот народен тератар (МНТ) ги известува граѓаните кои сè уште не ја гледале  или сакаат повторно да ја погледнат претставата „Макбет“, во режија на Нела Витошевиќ, дека поради технички причини саатницата за изведбата на 28-ми мај се презакажува во 19 часот.

Претставата првично беше најавена за 20 часот, но истата ќе се помести за еден час порано, односно ќе започне во 19 часот.

Оттаму нагласуват дека денот на изведбата останува ист (28-ми мај) – се менува само часот за почетокот на истата.