Актерот Марко Живиќ почина денеска на 49-годишна возраст во Белград по тешка борба со коронавирусот.
Марко Живиќ ги помина последните денови во болница, на респиратор, и тој вторпат беше хоспитализиран поради коронавирусот, објави „Блиц“.
Првиот пат кога бил примен неговата состојба се стабилизирала, па бил пуштен на домашно лекување, но симптомите одеднаш се влошиле.
„Блиц“ пишува дека на Живиќ му бил отстранет тумор во 2008 година.