На 9 септември МКЦ почнува филмска офанзива со кино на трева.
– Го испраќаме летото со кино под отворено небо на повеќе локации низ Скопје, и тоа: населбите Илинден, Драчево, Влае, Карпош, Ченто и Ѓорче Петров – велат од МКЦ.
Програма и распоред
9 септември (четврток) | локација: Дом на култура, населба Илинден 20 ч. | „The Specials“ („Посебни“), режија: Olivier Nakache
10 септември (петок) | локација: Три Круши, населба Драчево 20 ч. | „The Whistlers“ („Свиркачите“), режија: Corneliu Porumboiu
11 септември (сабота) | локација: парк Ѓорче Петров 20 ч. | „The Beach Bum“ („Скитникот од плажата“), режија: Harmony Korine
12 септември (недела) | локација: Дом на култура „11 октомври“, населба Ченто 20 ч. | „Bye Bye Morons” („Збогум морони“), режија: Albert Dupontel
18 септември (сабота) | локација: парк кај маркет Тинекс, населба Карпош 3 20 ч. | „Spy cat“ („Светот на Марни“), режија: Christoph Lauenstein (синхронизиран на македонски јазик)
19 септември (недела) | локација: Влае плоштад 20 ч. | „Terra Willy“ („Тера Вили“), режија: Eric Tosti (синхронизиран на македонски јазик)
Проекциите се бесплатни и ќе се реализираат по принципот прв дојден – прв услужен.
Од МКЦ велат дека настаните ќе се реализираат согласно актуелните протоколи и мерки за организирање настани во отворен простор. Во случај на дожд, проекциите ќе бидат презакажани.