Во Културно – информативниот центар во Скопје, вечер во Изложбениот салон – Империјал 1, ќе биде отворена изложба на фотографии, а ќе биде промовирана и монографија EXIT од Боро Рудиќ.
Боро Рудиќ е роден 1954 год. во Кочани, Македонија. Дипломиран електро инженер. Реализирал 20 самостојни изложби во: Македонија, Србија, Црна Гора, Словенија, Турција, Германија, Словачка. Учествувал и на повеќе од 250 групни изложби во земјава и странство.
Добитник е на повеќе од 60 награди од кои позначајни се: Gold Media Lions, Cannes Lions, Франција (2009), Silver statuette at Euro Effie Awards (2014), “Photographica Academica” – Pardubice, Чешка и Shenzhen, Кина(2014).
Изложбата ќе може да се погледне до 29 мај.