Во рамките на на манифестацијата „Кавадаречка културна есен 2021“, утре во 12
часот во галеријата на домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци ќе биде отворена изложба на уметнички фотографии од познатиот балкански фотограф Рајко Каришиќ од Србија.
Каришиќ е познат по неговото исклучително делување во областа на истражувачката фотографија, а е еден од ретките фотографи во светот кој има лиценцирана дозвола да готографира во манастирот Хиландар на Света Гора. Отворањето на изложбата ќе се одвива строго според протоколите во услови на ковид-19. Ми.М.