Во Музеј-галеријата во Кавадарци во рамките на повеќедецениската традиција за празникот на жената да се организираат ликовни изложби на уметници денеска во 12 часот ќе биде отворена изложба на дела од збирката на Музеј-галеријата чии автори се жени.
Изложбата има интернационален карактер бидејќи се застапени дела од уметници главно од Кавадарци, Македонија и од странство. Ќе бидат изложени дела од: Ана Темкова, Рада Петрова, Маргарет Херцеле, Агна Дренкова, Ружица Јосифовска, Лилјана
Антоновска, Севдалина Митрова, Стефанија Петровска , Дивна Пешиќ, Велика Јанчева, Македонка Димова, Александра Хаџи-Наумова, Симона Манчева, Ели Аин Аиновска, Наташа Бошковска, Валентина Илијевска, Армаган Гукчеаспан, Илинка – Суза Глигорова, Ана Спирова и Родна Димова.
Оваа изложба претставува избор од збирката на Музеј-галерија на уметници и тоа
маслени и акрилни платна, акварели, графики, дела од применета уметност и слично отстапени на Музејот во периодот кога се презентирани нивните изложби со што ја продожуваме традицијата и во услови на пандемија да се вклучиме во одбележувањето на меѓународниот ден на жената – информираат од Музеј-галеријата во Кавадарци. Ми.М.
Отворена изложба на дела од ликовната колонија „Нижополе 2000“
Во галеријата на Домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци синоќа беше
отворена изложба на дела од јубилејната дваесетта по ред меѓународна ликовна колонија „Нижополе 2000“ – Битола.
– Оваа ликовна колонија која напоредно стартуваше, растеше и се развиваше во изминативе две децени заедно со меѓународната ликовна колонија „Мијахлово – Кавадарци“. Тие претставувааат едни од најквалитетните ликовни колониии во Македонија кои се обидуваат да донесат исклучително квалитетни уметници од регионот и пошироко на што сум особено горд – истакна ликовниот уметник Владимир Темков, кој заедно со ликовниот уметник Горан Боев од Кавадарци беа учесници на годинашнава колонија.
Ликовната колонија годинава се реализира од 6 до 12 јули во хотелот „Молика“, а во неа зедоа учество 20 ликовни уметници од Македонија, Канада, Србија, Грција и Бугарија. Основачот на ликовната колонија ликовниот уметник Драган Најденовски од Битола изрази задоволство што ликовната колонија успешно опстојува и овозможува преку гостопримство и убав амбиент, ликовните уметници да творат и создаваат прекрасни ликовни дела инспирирани од Македонија и прекрасната природа на Пелистер.
Меѓу учесниците на колонијата за наоѓаат и имињата на Павле Кузмановски од Тетово, Данчо Ордев и Неда петковиќ од Скопје, Цветанка Јованова Хермес од Неготино, Мирјана Крстева Масети од Гевгелија, Николас Киријаку од Грција, Алекс и Мајк Клосе од Канада, Владан ранѓеловиќ, Драгана Кнежевиќ од Србија, Марјана Димитрова везарова од Бугарија и битолските уметници: Анкица Стевановска, Драган Најденовски, Љубица Солак, Славица Секуловска, Стефан Малбашиќ и Гоце Крстевски. Ми.М.