Во галерискиот простор на Порта Македонија в четврток, 29 август, со почеток во 19 часот ќе биде отворена изложбата на дела од „Галерија 73“, Белград.
На изложбата се очекува да бидат поставени триесетина дела во различни техники од еминентни српски автори како своевиден пресек на тенденциите во српската ликовна сцена низ призма на колекцијата на „Галерија 73“.
На отворањето ќе се обратат директорката на НУ Музеј на македонската борба, Даниела Николова, и директорката на „Галерија 73“, Мирела Пудар, додека изложбата свечено ќе ја отвори амбасадорката на Србија, Душанка Дивјак-Томиќ.
„Галеријата 73“ е основана во 1973 година во Белград и е еден од најзначајните простори за изложување во Белград. Минатата година одбележа 45 години работа.