Својата прва самостојна изложба со работен наслов „Сенки- други видувања од /на Улица“, вечерва, во изложбениот салон од Центарот за култура , ќе ја претстави Виктор Темелкоски, дипломец на Факултетот за Ликовни уметности во Скопје, на отсекот вајарство.
Покрај учеството во две групни изложби, вечерашното преставување во родниот град ќе му биде премиерно претставување со своја самостојна изложба.
– Целата идеја за изложбата е да се потсетиме на подзаборавената важност на оваа т.н. институција, улицата. Она што таму сме го научиле, како другарување, солидарност, споделување на искуства, организирање за остварување одредени идеи, оние младешките, па и добивање некоја шлаканица на крајот од истите, зошто тоа така оди нели – вели авторот Темелкоски за својата инсталација, чие отворање ќе се случи во 20 часот.
Авторот на вечерашната изложба најави дека истата ќе биде претставена и во Скопје и во повеќето традиционални културни центри во земјава, како Битола, Охрид, Прилеп, Велес.
З.А.