Во Културно-информативниот центар на Бугарија во Скопје е отворена изложба на скулптури „Балкански ангели“ на бугарскиот скулптор Александар Пројнов-Апер.
Изложбата е поставена по повод националниот празник на Бугарија – 3 Март и опфаќа 32 минијатури од пластика. Ја отвори директорката на БКЦ, Светлана Славова.
Скулпторот Пројнов работи во областа на монументалната уметност. Имал 25 самостојни изложби во Европа и повеќе од 800 во Бугарија. Негови дела се наоѓаат во приватни колекции и во галерии, како во Ватикан и во седиштата на НАТО и на ЕУ.
Пројнов е автор на европскиот медиумски симбол „Зевс и Европа“ под покровителство на Владата на Франција.