Во 19 часот вечерва во Музеј-галерија Кавадарци ќе биде отворена изложбата „Јапонскиот лебдечки свет-УКИЈОЕ“ која е дел од проектот MuseumLink, во кој се вмрежени 27 институции од културата ширум нашата држава. Проектот е започнат уште во 2016 година од страна на Музеј на град Скоје во соработка со Амбасадата на Јапонија и Здружението за македонско-јапонско пријателство- Скопје.
Автор на проектот е куратор Јасмина Намичева архитект и кустос советник во Музеј на град Скопје.
Преку 28 принтови од цртежи од најпознатите јапонски мајстори на дрворези од 17 –ти и 18-ти век, допира шармот на „светот кој лебди“ кој е отслик на подемот на трговската класа во градот Едо ( денешно Токио) во периодот од раниот 17-ти век, и нивната хедонистичка филозофија која ги подржува моментните задоволства на животот, при тоа славејќи ја убавината на жената, месечинаата. снегот, црешовиот цвет или јаворовиот лист.
Раскошните квартови во Едо, во кои самураите и граѓаните ја сочинуваат новата градска класа, која се натпреварува во елеганција и рафинираниот вкус, стануваат неисцрпна тема на дрворезите на ukiyoe мајсторите.
На изложбата се претставени најзначајните мајстори на оваа уметност како што е првиот сликар Хашикаво Кишибеу наречен Моронобу, додека златното доба на оваа графика од доцниот 17-ти и 18-т век, е претставено преку делата на Тори Кијонога и Кумагава Умамаро, како и преку неколку дела на прочуениот Шараку.
Оваа изложба дава можност за посеопфатно запознавање одблизу со оваа уметност која припаѓа во редот на светското културно наследство- инфрмираат од Музеј-галерија Кавадарци.
Мирјана Мукаетова