Филмот „Битката на Неревта“, чија 50-годишнина е денес, е снимен според вистински настан од Втората светска војна. Своевремено имал најдобра европска продукција според бројот на актери, статисти и вложени средства.

Филмот бил номиниран за филмската награда „оскар“ во категоријата за најдобар странски филм, а во него глумат голем број домашни и светски филмски ѕвезди, како што се Орсон Велс, Јул Брајнер, Сергеј Бондарчук, Ентони Досон, како и домашни: Милена Дравиќ, Борис Дворник, Љубиша Самарџиќ, Велимир Бата Жиивојиновиќ, Ристо Шишков…

Музиката за филмот ја напиша Бернард Херман од лондонската филхармонија, а плакатот за филмот го има направено легендарниот Пабло Пикасо.

Приказната за плакатот започнува во 1964 година во Монте Карло, каде за документарецот на Вeљко Булајиќ „Скопје 63“ му беше доделена гран при „златната нимфа“ и наградата на критичарите. Претседател на жирито бил францускиот академик Марсел Ашард, кој престојувал со својот пријател Пабло Пикасо за време на фестивалот и му покажал копија на филмот во неговото студио.

Пикасо дошол на завршната церемонија на фестивалот и му честитал на Вељко. Неколку години подоцна, Булајиќ му предложил на агентот на Пикасо во Париз да побара од него да го направи постер за филмот „Битката на Неретва“.

Откако го гледал филмот и ги проучувал настаните во филмот, Пикасо потврдил дека ќе направи постер, но дека ќе земе дел од неговата слика Сабина и побарал само бојата на плакатот да биде црвена.

За изработување на плакатот Пикасо не побарал никаков надомест. Сѐ што сакал е 12 шишиња вино од Југославија. По тој повод Веjко Булајиќ му направил одлична колекција на вина од Србија, Далмација и најмногу од Македонија.

Постерот за филмот „Битка на Неретва“ беше отпечатен во ограничено издание и секоја копија беше потпишена од Пикасо.

„Њујорк тајмс“ го објавил постерот во 1.200.000 примероци.