Синоќа, со почеток од 20 часот во клуб-ресторанот на МКЦ се одржа промоцијата на книгата „Стан што се распаѓа“ од авторката Биљана Стојановска. Промотор на книгата беше Јане Чаловски, а стихови читаа Ѓоко Здравески, Ана Голејшка Џикова, Владимир Мартиновски и Николина Андова Шопова. Настанот беше музички збогатен од Свинг Вокерс.
Биљана Стојановска е третиот добитник на наградата „Тодор Чаловски“, која „Галикул“ му ја доделува на млад автор од Македонија во областа на поезијата, книжевната критика, есеистика и проза. Наградата е востановена во сеќавање на истакнатиот македонски поет, литературен критичар, преведувач и есеист Тодор Чаловски (1945-2015) и таа резултира со издавање на нејзината втора книга „Стан што се распаѓа“.
На промоцијата авторката Стојановска се заблагодари за добиената награда и на многубројните гости кои присуствуваа.