Вечерва, во 20 часот, со проекција на филмот „Ана Каренина: Приказна за Вронски“ (2017) на режисерот Карен Жахназаров, во Кинотеката на Македонија ќе се одбележи почетокот на Месецот на класичен и современ руски филм, кој под својот наслов „Руска зима“ ќе претстави вкупно 25 филма.
Некои од филмските наслови што публиката ќе има можност да ги проследи во текот на „Руската зима“ се: „Соларис“ (1972, Андреј Тарковски), „Андреј Рубљов“ (1966, Андреј Тарковски), „Ѕвезда“ (2002, Николај Лебедев), „Сталкер“ (1979, Андреј Тарковски), „Свој меѓу туѓинци, туѓинец дома“ (1974, Никита Михалков), „Семејни врски“ (1982, Никита Михалков), „Ивановото детство“ (1962, Андреј Тарковски), „Иван Грозни“ (1944, Сергеј Ајзенштајн), „Моја мила и нежна ѕверка“ (1978, Емил Лотеану), „Иван Василевич ја менува професијата“ (1973, Леонид Гајдај), „Оди и види“ (1985, Елем Климов), „Дерсу Узала“ (1975, Акира Куросава), „Канцелариска романса“ (1977, Елдар Рјазанов), „Се издава куќата со сите неудопства“ (2016, Вера Сторожева). За затворањето на Месецот на руски класичен и современ филм, на 28 февруари, е планирана проекција на „Исчезнатата империја“ (2008) од Карен Шахназов.