Со претставата Јулие Цезар во режија на Златко Паковиќ, во изведба на Битолскиот народен театар, на 23 -ти јуни, се отвора 6-тиот Интернационален „Битола Шекспир фестивал”, кој ќе трае до 30 -ти јуни.

За време на фестивалските денови предвидени се гостувања на 12 претстави од Хрватска, Романија, Казахстан, Полска, Црна Гора, Македонија.

Она што привлекува посебно внимание на годинешното издание, е гостувањето на хор од Полска кои ги изведуваат сонетите на Шекспир, како и една детска претстава.

M.M.