Во тек се годишните конкурси на Министерството за култура за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2022 година, што годинава за првпат се одвиваат по електронски пат.
Од Министерството потсетуваат дека рокот за пријавување истекува на 6 ноември (сабота), во 12 часот напладне, кога апликацијата автоматски ќе се затвори.
Годишните конкурси беа објавени на 4 октомври.