Ретроспективна изложба од прилепскиот уметник Васил Косов ќе биде отворена во ликовната галерија на ЦК„Марко Цепенков“ во петок од 19.00 часот. Посетителите ќе имаат можност преку 36 дела да се запознаат со долгогодишното товрештво на овој уметник.
Изложбата на Костов, член на ДЛУП и ДЛУМ, значи претстава на еден творечки опус на една личност, зафаќање во сите периоди од раст и развој на авторот.
-Пред нас многу негови дела, темите најразлични историја – револуција – непокор, сакрално, природа од микро до макро објекти, архитектура, вселена, Прилеп провејува, а низ Прилеп светот. Диптих, комбинирана техника, масло на платно или лесонит, јаглен и креда, метал и боја. Бои. Димензии. Упорност во творењето. Од шеесеттите години на минатиот век до вчера еве ги пред нас – повикуваат на размислување, на разговор и предизвикуваат восхит – вели Габриела Николоска.
Костов е добитник на 9 – то Септемвриската награда од 1993 година на Прилеп, како и на други награди за сликарство и сценографија, бидејќи работеше како сценограф во театарот „Војдн Чернодрински,, до своето пензионирање.Тој е и графичар, акварелист, кој реализирал бројни самостојни изложби во земјата и во странство, бил дел од групни, а остварил студиски престои во Париз, Венеција, Москва, Варшава…
Ка.М.