Истражувачкиот центар за ареална лингвистика (ИЦАЛ) при МАНУ промовираше веб-страница на Дигиталниот архив на македонскиот јазик (damj.manu.edu.mk) што е подготвуван во изминатите десет години.
Во дигитална форма се објавени 50-ина стари и поважни ретки книги за македонскиот јазик – граматики, правописи, споредбени студии, монографии, дијалектни материјали.
Тука е Македонската граматика на Круме Кепески од 1946 и Македонскиот правопис на Блаже Конекси и Крум Тошев од 1950, „За македонцките работи“ на Мисирков од 1903, Абецедарот објавен во Атина во 1925. …Најстарата дигитализирана книга во овој архив е Речник од три јазика од Ѓорѓи Пулевски од 1875.
Меѓу постарите изданија (крајот на 19 век) се и трудовите на странските слависти кои го прочувале македонскиот јазик Ватрослав Облак, Леонард Мазинг и Вјечислав Малецки.
– Тоа е најголема база со дигитални ресурси за македонскиот јазик и е достапна за цел свет. Заинтересираните може да ги симнуваат книгите во пдф и да ги користат – рече раководителот на ИЦАЛ Марјан Марковиќ.