Уметницата Кејтлин Кас направи хумористичен стрип со наслов „Социјални стратегии за уметнички отворања“. Текстуалната содржина на стрипот нуди иронични совети за тоа како да (не) се однесуваме на отворање ликовна изложба
Однесувањето на посетителите на културни настани кај нас никогаш не било на завидно ниво. На скалата од еден до пет публиката што ги посетува културните настани е на 3-то скалило, ценат вработените во некои културните институции. Гласно зборување, кавги, комуницирање на мобилен телефон среде претстава, филм или концерт, џвакање мастики, отворање бонбони, кашлање… се најчести испади на посетителите.
Постојат одредени правила кога се посетуваат културните настани до кои посетителите треба да се придржуваат. На пример, да се дојде навреме, барем пет минути пред почетокот, ако местото ви е на средина и треба да се разминете со некои веќе пристигнати гости, само културно извинете се и разминете се со нив лице во лице, исклучете го мобилниот телефон или ставете го на вибрации, не зборувајте за време на настанот, не шепотете, доколку фотографирањето е дозволено, не фотографирајте со блиц.
Што се однесува до ликовните изложби, пак, правило е дека не смее да се допираат експонатите, ниту пак да се зборува додека уметникот или која било личност го отвора настанот или го презентира своето дело…
Уметницата Кејтлин Кас направи хумористичен стрип со наслов „Социјални стратегии за уметнички отворања“. Во продолжение е текстуалната содржина на стрипот, која нуди иронични совети за тоа како да (не) се однесуваме на отворање ликовна изложба.
1. Преправајте се дека сте заинтересирани за уметност додека не се појави некој со кого сакате да разговарате.
2. Сетете се на некоја референца од историјата на уметноста и повторувајте ја гласно додека некој не започне разговор со вас. (Очигледно, референца на Дишан.)
3. Промовирајте ги своите дела.
4. Водете интензивен разговор пред некоја слика, така што никој друг не ќе може убаво да ја види.
5. Преклопете ја вашата донација за никој да не може да види дека донирате само еден долар за три чаши вино.
6. Никогаш не влегувај внатре. (Што е темата на оваа изложба?)
7. Искористете ја уметноста како стратегија за бегство. (Треба да стигнам на уште едно отворање.)